-->
-->
Ѓоковиќ ќе настапи на Игрите во Токио
-->
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде меѓу учесниците на летните Олимписки игри, потврди денеска Тениската федерација на Србија
– Новак ја потврди желбата да учествува на Олимпијадата и ние списокот со неговото име веќе го испративме до Олимпискиот комитет на Србија, посочија извори од Тениската федерација за белградскиот весник „Спортски журнал“.
Ѓоковиќ досега на Олимписките игри освои бронзен медал во 2008 година во Пекинг, кога во натпреварот за третото место го совлада Американецот Џејмс Блејк.
Игрите во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата