Ѓорчев: Победата е сигурна, прашање е само со колкава разлика
Носителот на листата за пратеници во шестата изборна единица од Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев вечерва го посети изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во тетовската населба Ченто каде се сретна со дел од членството и симпатизерите. Тој им се заблагодари на жителите на Тетово и околината за масовното учество на вчерашниот собир на Коалицијата и ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
- Се работи за еден од најголемите собири што сме ги имале досега и пораката е јасна дека победата веќе знаеме дека ќе се случи, но прашање е разликата која што ќе биде и која ќе биде бројката. Потребни ни се 63 пратеници за унитарна, суверена Македонија и Македонија што ќе биде онаква каква што е во уставот, рече Ѓорчев.
Тој го искажа ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уште една актуелна состојба.
- Зоран Заев со неговите најави за редефинирање и федерализација на Република Македонија, за нов рамковен договор едноставно придоенесе во создавањето на атмосфера за денес во Тирана да гледаме создаваење на унија на општини од Албанија, Косово и западна Македонија или од Тирана, Приштина, Тетово, Улцињ, Прешево и други места, рече Ѓорчев.
Зоран Заев, СДСМ и нивните соработници, нагласи, се оние што треба да му објаснат на нашиот народ дали овие идеи се идеите за што тие се залагаат. Дали со неговото политичко дејствување создава услови и ги подржува ваквите идеи што гледаме дека сега отворено се промовираат.
- Зоран Заев има многу работи да им одговори на граѓаните на Република Македонија уште повеќе на граѓаните на Тетово, Тетовско, Гостивар и Гостиварско, Мавровско-реканскиот крај, Дебарско затоа што неговите идеи и тоа како имаат последици врз овие региони, потенцира Ѓорчев.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден