Македонија
30. October 2024 - 12:46

Глобална недела на медиумската писменост

Со „Националната конференција за медиумска писменост во образованието“, организирана од Македонскиот институт за медиуми продолжуваат Деновите на медиумска писменост.

Во присуство на минситерката за образование утрово беа презентирани досегашните активности поврзани со воведување на медиумската писменост во формалното образование, меѓу кои и наодите од истражувањата спроведени меѓу ученици од основните и од средните училишта.

Преку голем број разновидни настани во периодот од 28 октомври до 4 ноември Мрежата за медиумска писменост дава придонес кон одбележувањето на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост.