Голем пожар во рафинеријата на Тотал во близина на Авр
Голем пожар избувна рано утринава во рафинеријата во Гонфревил Оршер, во близина на Авр. Префектурата во меѓувреме ги укина превентивните мерки затоа што смета дека нема „ризик по здравјето“ на луѓето, јавува дописникот на МИА.
Пожарот избувнал во 4 часот. Интензитетот на пожарот, што почнал на една пумпа, е контролиран и намален, соопшти компанијата Тотал.
Префектурата потврди дека пожарот бил под контрола и е во фаза „на опаѓање“.
Во инцидентот немаше жртви.
-Значајни внатрешни ресурси се распоредени во гаснење на пожарот, велат од компанијата.
Префектурата прво го советуваше населението да „остане дома“ како превентивна мерка. Утрово таа соопшти дека овие мерки се укинати и дека облаците од чад не претставуваат „никаков ризик по здравјето“.
-Ние извршивме аналитички мерења на сулфур диоксид, азот диоксид, водород сулфид и јаглерод моноксид на различни локации околу рафинеријата. Сите овие мерки беа негативни , тврдат од префектурата.
Тотал додава дека во тек е проценка „за можните последици од овој пожар“.
Платформата Тотал во Нормандија зафаќа 360 хектари во сливот на Сена, таа е најголемата рафинерија во Франција. Исто така, во неа работи и фабрика за петрохемија која прозведува нафтени производи и полимери. Во платфпрмата се вработени 1.500 лица.
Ново на Сител
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот