Loading Video...
Балкан
5. September 2023 - 19:19
Големи поплави во Волос, градоначалникот ги искара граѓаните зошто не остануваат на безбедно
Градот Волос и островите Крф и Скиатос се најпогодени од невремето „Даниел“ што вчера попладне ја зафати Грција. Едно лица загина во Волос. Врз 70 годишен сточар паднал ѕид од неговата куќа кој се урнал поради големо количество вода.
Невремето остави поплавени улици, болница, куќи и возила. Пожарникарите спасувале луѓе заробени во автомобили а биле евакурани и кампери околу Волос, меѓу кои и макеоднски туристи. Градоначалникот на Волос соопшти дека во тек е потрага по едно лице кое исчезнало во поплавите, и воедно ги искара граѓаните зошто не го почитуваат апелот да останат на безбедно.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
-->
-->