Македонија
22. March 2025 - 16:54

Големиот пожар што избувна доцна попладнето во близина на Струмица е изгаснат

Големиот пожар што избувна доцна попладнето во близина на Струмица е изгаснат. Веста  ја потврди и командирот на струмичката противпожарна единица Александар Гудев кој информираше дека поголемиот дел од противпожарните единици веќе  се повлекуваат, а на терен ќе останат само неколку екипи заедно со полицијата  да дежураат и да ја контролираат состојбата. За среќа  пламените јазици  немаат направено поголема материјална штета, а освен трска и сува трева опожарена и една напуште викенд куќа.

Информацијата за пожарот струмичките пожарникари ја добиле околу 14 часот по што веднаш била испратена екипа на терен. Од  силниот ветер и сувата треба огнот почнал брзо да се шири поради што се активирани и останатите екипи од единицата.  Со цел  побрзо локализирање на огното и заштита објектите кои се наоѓаат во близина побарана е помош и од пожарникарите од Валандово, Гевгелија и Радовиш. Засега не се познати  причините поради кои настан огнот, но според првичните и неофицијални инфомации најверојатно се работи за човечки фактор.