Графити со закани по живот за Тачи, Курти, Ахмети и Трнава
До претседателот на Косово, Хашим Тачи, градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети, неговиот сопартиец и поранешен лидер на движењето „Самоопределување“ Албин Курти и првиот човек на косовската исламска верска заедница Наим Трнава била упатена јавна закана преку испишани графити.
Причина за овие закани, според она што е напишано, е изградбата на големата џамија која е планирана да се гради во населбата „Дарданија“ во Приштина.
Преку графитите испишани на ѕидовите на Филолошкиот факултет во Приштина на сите четворица им се закануваат по живот.
На еден од графитите пишува „Смрт за Наим Трнава и Хашим Тачи-Турчинот“, додека во друг за градоначаликот Ахмети заканата е во оваа форма „Ќе бидеш убиен како пес, долу Самоопределување и Албин-Талибанецот“.
Исто така во графитите стои дека ќе се пролее крв и нема да се дозволи изградба на џамија.
Засега нема информации кој е можниот автор на графитите, а полициската истрага е во тек.
Ново на Сител
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка