Граѓаните кои протестираат со писмо до Иванов
Граѓаните кои денеска излегоа на мирни протсети пред Собранието, да го изразат својот револт од носењето на Законот за јазиците испратија писмо до претседателот Ѓорѓе Иванов. Бараат од него да не става потпис на Законот.
По носењето на Законот во Собранието и ТМОРО се обрати до претседателот на државата.
- Го повикуваме претседателот Ѓорѓе Иванов веднаш да прогласи вонредна состојба заради незаконско и неуставно носење на закон за јазици со кој се урива уставниот поредок и унитарниот карактер на македонската држава, соопшти ТМРО по денешните случувања во Собранието и усвојувањето на Законот за употребата на јазиците.
Законот беше ставен на гласање без да се расправа за 36.000 амандмани поднесени од страна на ВМРО–ДПМНЕ по забелешките дадени од страна на претседателот Иванов, кој стави вето на законот поради неговата спротивност со Уставот.
Засега нема никаков став од кабинетот на претседателот Иванов во однос на испорачаните барања.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа