Грчката Влада размислува да воведе построги правила за движењето на граѓаните
Ја разгледуваме можноста, рамката за движење на граѓаните да биде построга, изјави портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас во неговите интервјуа за грчкото радио „Скај 100,3“ и за грчката телевизија „Мега“, објаснувајќи дека додека многумина доследно се придржуваат на мерките за забрана на движењето, постои мал процент од граѓаните кои ги злоупотребуваат можностите што им се нудат за излегување од дома.
Грците за излегување од дома имаат шест опции, односно шест исклучоци од забраната за движење, а Пецас вели ако некој на секој час одбира по една различна опција ќе излезе шест пати од дома.
-Не може некој, три пати дневно да ја користи потврдата со шесте опции што му се нудат. Излегувањето го комбинираме да одиме во супермаркет, во аптека, во фурната што е во нашата населба и се враќаме дома, истакна Пецас и додаде дека освен тоа што некои граѓани излегуваат често, користејќи различна причина од оние што им стојат на располагање, други пак, можноста за излегување ја користат за премногу долго време да се задржат надвор.
Токму затоа, според портпаролот на грчката Влада, се разгледува можноста за воведување на построги правила за излегувањето од дома да се сведе на еднаш дневно.
Паралелно, грчката полиција продолжува со контролите, а во текот на вчерашниот ден, за непотребно движење и за прекршување на забраната биле изречени 2193 казни.
Од почетокот на мерката, односно од минатиот понеделник заклучно со вчера, забраната ја прекршиле 10 634 лица и биле казнети со 150 евра.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување