Грците ги наполнија парковите и плажите и покрај рестрикциите и карантинот
Несвојствено топлото време за овој период од годината и високите температури, во комбинација со затворени кафулиња и ресторани, веројатно се главните причини голем број Грци неделното претпладне да го искористија за прошетка и да ги наполнат парковите и плажите, иако земјата официјално е во карантин, јави дописничката на МИА од Атина.
Во повеќе атински населби, сликата е речиси идентична, со кафе за носење, со маска и со испратена смс порака за физичка активност, граѓаните излегоа од нивните домови, а особено голема е раздвиженоста во населбите што се во близина на морето.
Во голем дел од кфулињата што се отворени за кафе за носење, има редици, а зголемен е и сообраќајот на улиците.
Температурата во Атина денеска достигна до 21 степен, а на Крит 28 степени целзиусови.
Карантинот во Грција започна на 7 ноември 2020 година, неколку пати се продолжуваше, а според последните одлуки, ќе трае до 18 јануари, доколку не биде повторно продолжен.
За излегување од дома, граѓаните потребно е да имаат испратено смс порака и одбрано една од шесте опции.
Се чини дека Грците, најмногу ја користат опцијата шест, за физичка активност.
Од почетокот на пандемијата во Грција се регистрирани 144.293 случаи на Ковид-19, а починаа вкупно 5.227 лица.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци