Грковска на состанок со експерти од Естонија за дигитална трансформација на општеството
![]()
Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше работна средба со тим од Естонскиот центар за меѓународен развој и претставници од Амбасадата на САД во земјава кои се дел од проектот за унапредување и дигитална трансформација на општеството, што во Република Северна Македонија се спроведува со поддршка на Естонија и САД.
Како што информира нејзиниот Кабинет, вицепремиерката Грковска информираше за тековните процеси поврзани со дигиталната трансформација на општеството кои се спроведуваат во нашата држава, со посебен акцент на воведувањето електронска лична карта, носење закон за архивско работење и поголемо развивање на платформата за интероперабилност.
– Експертите од Естонскиот центар за меѓународен развој, предводени од Кадри Масик извршна директорка, ќе бидат вклучени како поддршка при подготовка и предлагање решенија за подобрување на правната рамка на политики и институционалната рамка за дигитализација, со посебен акцент на воведувањето електронска лична карта, размена на експертиза и искуство во однос на моделите за интероперабилност и дигитализација на јавните услуги, и помош при развој и спроведување посебни ИТ-решение, наведува Кабинетот на Грковска.
На состанокот е потенцирано дека од исклучително значење за Република Северна Македонија е сите проекти кои, преку странски партнери се реализираат во земјава, да бидат меѓусебно координирани и комплементарни, за да не дојде до преклопување, но и за да се зголеми нивната ефикасност.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
