Македонија
20. October 2026 - 14:58

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош

22-годишна жена пријавила во полиција дека била следена од едно лице, кое потоа ја допирало по телото на подрачјето на скопската општина Карпош.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 19 октомври 2026 година, во 22:20 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје. Настанот, според пријавата, се случил претходниот ден, на 18 октомври, околу 00:30 часот.

Засега нема дополнителни информации за идентитетот на лицето, ниту за околностите под кои се случил настанот.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.