Груби: Не е најдоброто решение, но подобро нема да добиеме никогаш
Со вклучувањето на опозицијата во целиот процес на разгледување на европскиот предлог во Собранието се надевам, ќе изнајдеме најдобро можно решение, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, посочувајќи дека тоа на крајот ќе треба да биде усвоено после дебатата во Собранието.
Тој посочи дека ова е предлог на ЕУ, на Советот на ЕУ, кознсензуално донесен од сите 27 членки, претставен од француското претседателство и доставен до Република Северна Македонија.
– Не е најдоброто решение, но подобро нема да добиеме никогаш. И затоа сметам дека политичките елити во земјата, цивилното општество, медиумите и академската заедница треба да се охрабри и да им ја каже вистината на граѓаните дека со овој предлог ниту се спори македонскиот идентитет, ниту македонскиот јазик, ниту македонските културни, духовни особености. Напротив, оваа Влада, сите идни влади го гарантираат тоа низ процесот затоа што и тие имаат право на вето врз секакво можно одлучување по однос на Комисијата која што ќе разговара со Бугарија во однос на билатералниот спор, изјави Груби, одговарајќи на новинарски прашања на настанот по повод отворањето на новата зграда на Управниот суд во Скопје.
Прашан дали има рок до кога треба да заврши координацијата по предлогот во Собранието, Груби рече дека немаме време за чекање.
– Повторно ги замолувам пратениците, пратеничките групи коишто денеска се среќаваат и ќе разговараат по однос на предлог заклучоци за информацијата која што е доставена од Советот на ЕУ до Владата на РСМ за т.н. француски предлог којшто е впрочем предлог на ЕУ да ги усогласат, да ги усвојат, и да ја задолжат Владата со нула компромиси по однос на јазичните, идентитетските, културните, историските и образовни особености на македонскиот народ, на нашата држава да постапи кон отпочнување на преговори со ЕУ и одржување на првата меѓувладина конференција, изјави Груби.
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата