Гвардиола откри дали Агуеро ќе игра во реваншот со Реал
Фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, нема да може да учествува во реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Веста ја потврди денес менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола. Аргентинецот претрпе повреда на менискусот за време на победата од 5:0 над Барнли минатиот месец, по што беше подложен на операција кај доктор Рамон Кугат.
Се претпоставуваше дека може да се опорави до мечот со Реал Мадрид, но Гвардиола ја отфрли оваа можност.
На прашањето дали имало таква шанса, шпанскиот стручњак одговори: „Многу пати ви кажав. Не“.
– Играме со Реал. Ако размислиме за следниот чекор, кралот на овој турнир, Реал Мадрид, ќе нè отстрани. Никој не го познава Реал подобро од мене, нивниот потенцијал и историјата, затоа мора да го одиграме овој натпревар, рече Гвардиола.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива