Хакерски напад врз кампањата на Хилари Клинтон и на Демократската партија
Претседателската кампања на Хилари Клинтон била хакирана, како дел од големиот кибер напад врз Демократската партија на САД и нејзините институции, јавуваат американските медиуми.
Медиумите откриваат дека во серијата напади, последните два биле насочени кон податоците на Демократскиот национален комитет и против Комитетот за кампањата на демократите за Конгресот.
Повеќемина американски политичари од оваа партија изразија јавен сомнеж дека станува збор за кибер напад на агенти кои работат за руската Влада.
Постои стравување оти Русија можеби се обидува да се вмеша во сегашната американска претседателска кампања, но Москва категорично ги отфрла ваквите обвинувања и тврди дека во прашање е „отровна антируска кампања“ што ја спроведува официјален Вашингтон.
Претставник на кампањата на Хилари Клинтон изјави дека една компјутерска програма за анализа била хакирана.
Тој сепак призна дека нема сознанија оти бил компромитиран внатрешниот компјутерски систем на Демократската партија.
Американското Федерално биро за истрага (ФБИ) потврди дека е започната службена истрага за хакирањето во штабот на Клинтон и на демократите.
Минатата недела, беше извршено хакирање на службените мејлови на Демократскиот национален комитет, па електронските пораки и писма, што меѓусебе си ги испраќале функционерите и членовите на Демократската партија, се појавија во јавност.
Мејловите се појавија непосредно пред почетокот на партиската конвенција во Филаделфија и предизвикаа политички скандал, затоа што стана јасно дека раководството на партијата и водечките демократи биле определени за Клинтон а не за нејзиниот противкандидат Берни Сандерс.
Во Филаделфија имаше улични протести на приврзаниците на Сандерс, иако тој самиот застана зад кандидатурата на Клинтон.
Медиумите во САД забележуваат дека најголема корист од хакирањето и од сите овие случувања кај демократите, имаат републиканците и нивниот кандидат Доналд Трамп и покрај обвинувањата дека тој јавно ја повика Русија да ја хакираат Хилари Клинтон.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен