Хали Бери: Освојувањето на Оскарот не ми значи ништо
Во 2002 година актерката Хали Бери освои Оскар за главна женска улога во филмот „Monster's Ball“, при што на церемонијата на доделувањето на наградите се појави во легендарниот фустан на „Ели Саб“.

Кога се качи на сцената да го прими Оскарот, Хали одржа многу силен говор со јасна порака.
- Овој момент е многу поголем од мене самата. Овој момент е за сите жени без имиња, лица и со друга боја, кои добиле шанси, затоа што вечерва оваа врата им е отворена, порача Бери.
Но, 15 години подоцна, убавата Хали, која и натаму е единствена афроамериканска актерка која има освоено Оскар за главна женска улога, својата тага поради овој факт ја сподели во едно интервју.
- Пред две доделувања седев таму и помислив, „вау, тој момент не ми значеше ништо“. Мислев дека ми значи многу, но не ми значеше ништо. Јас бев многу длабоко повредена и тажна со тој факт, но тоа ме поттикна да се вклучам на други начини, затоа што сакам да направам поголеми шанси за луѓето со темна боја на кожата, заклучи Хали.
Ново на Сител
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
