-->
-->
Христијан Врапчески го фати крстот во Кичево
-->
Во Кичево 25-годишниот Христијан Врапчески го фати крстот од осветените води во базенот на поранешниот Дом на АРМ.
Прво во црковниот храм „Свети Петар и Павле“ беше отслужена утрена богослужба, а потоа поворката се упати кон базенот, каде што се одржа завршниот чин. Пред полагањето на крстот беше извршен водосвет на водите во базенот од страна на свештенството од кичевскиот храм.
Потоа дваесетина жители на градот, претежно млади, се фрлија по крстот, а од осветените води него го извади младиот Христијан Врапчески.
Од страна на Општина Кичево Врапчески доби златен крст како подарок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата