И Италија ќе го чува македонското небо
Министерката за одбрана Славјанка Петровска и нејзиниот италијански колега Гвидо Кросето денеска во Центарот за обука на пилоти во касарната во Петровец, ќе го потпишат Техничкиот договор за вклучување на Италијанските воздухопловни сили во НАТО мисијата за воздухопловно патролирање над македонското небо, соопштија од Министерството за одбрана.
На потпишувањето на Техничкиот договор со кој Италија и официјално ќе биде вклучена во оваа НАТО мисија, како што е најавено, ќе му претходи заедничка средба на двајцата министри.
Досега, воздухопловното патролирање беше доверено на грчкото воено воздухопловство, а отсега тоа ќе се врши со воздухоплови на грчките и на италијанските воздухопловни сили, во координација со военото воздухопловство на Армијата на Република Македонија, се вели во соопштението на министерството.
Мисијата за воздухопловно патролирање на нашето небо ја раководи Сојузничката воздухопловна команда на НАТО, а тактичката контрола на мисијата е под раководство на Центарот за комбинирани воздухопловни операции во Шпанија.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори