Македонија
21. October 2024 - 12:22

Ибраимовски: Фрлена бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово

Експлозивна направа вчера вечерта била фрлена во просториите на локалниот клуб на партијата ПЦЕР. Информацијта утрово ја потврди лидерот на Самка Ибраимовски кој беше гостин во утринската програма на Сител.

Од МВР потврдуваат дека примиле пријава за ваков случај но според информациите од терен, во штабот на ПЦЕР немало експлозија а скршен е излогот. Во моментов се уште трае увидот.