ИЈЗ, Инфективна клиника и ГАК добија тестови за брза дијагностика на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека тестови за брза дијагностика на присуство на вирусот Sars-Cov-2 се распределени и почнуваат да се користат во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.
Овие тестови иако се ПЦР метода, не се истите кои се користат во лабораториите за рутинско тестирање од ковид. Наменети се за брза детекција на вирусот кај пациенти кои се суспектни на ковид, а на кои им е потребна одредена интервенција.
Тестовите за брза дијагностика овозможуваат веднаш после тријажата и добивањето на резултатот за само 40-тина минути да се пристапи кон соодветната интервенција кај пациентот.
Брзите тестови веќе се употребуваат на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, со што значително се олеснува работата на медицинскиот кадар.
Со брз ПЦР тест на ГАК ќе се тестираат родилките и на овој начин, веднаш ќе се знае дали родилката треба да биде пренесена на одделението за изолација. Клиниката за гинекологија и акушерство веќе ја поседува и потребната опрема за обработка на материјалите, истата која се користи за детекција на ХПВ вирусот.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје