Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Во црквата „Св. Спас“ во Скопје денеска со положување цвеќе пред вечното почивалиште на Гоце Делчев беа одбележани 121 година од неговата смрт.
Цвеќе положија претседателот на државата Стево Пендаровски, владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, собраниска делегација составена од Дарко Каевски, Даниела Николова и Велика Стојкова-Серафимовска, како и здруженија на граѓани....

Пред вечното почивалиште на Делчев се поклонија и партиска делегација на СДСМ предводена од потпретседателката на партијата Сања Лукаревска и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ преводена од лидерот на партијата Христијан Мицкоски, кандидатката за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова, министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски....

Точно напладне во Собранието на Северна Македонија ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во областа на науката. Добитници на државната награда „Гоце Делчев“ годинава се проф. д-р Роберт Хадсон и проф. д-р Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија:од независноста до Преспанскиот договор и потоа“ и д-р Ана Мартиноска и м-р Жарко Иванов за делото „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963г.“ (од архивските материјали на Васил Хаџиманов).
Годишнината од смртта на Делчев ќе биде одбележана и во Штип каде се наоѓа истоимениот државне Универзитет. Според агендата, на одбележувањето ќе се обратат ректорот на Универзитетот Дејан Мираковски и градоначалникот на Штип Иван Јорданов.
Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, беше убиен од османлиската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер. По убиството на 4 мај 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Ново на Сител
-

Ангелов: Спречена катастрофа во виничко, запалена трева при сечење со брусилица | ВИДЕО
-

Приведен полицаецот кој наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал и го оштетил Буџетот за 85.500 денари
-

Во заедничка акција на Шпанија и Еквадор запленети 21 тон кокаин
-

Багаи: Иран и Оман постигнаа договор за бродската рута низ Ормуска Теснина
-

Закон за „граѓанска смрт“ во Русија: Москва им замрзнува имот и конзуларни услуги на емигрантите осудени во отсуство
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
-

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени
-

Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени
