Македонија
7. August 2026 - 14:52

МВР со детали: Загинатото момче со мотор во Радишани е на 19-годишна возраст

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на улицата „Радишанска“ во Скопје, при што животот го загубил 19-годишен мотоциклист.

Од МВР информираат дека несреќата била пријавена во 12:12 часот, а учествувале патничко возило „Алфа Ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот С.Б., и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 19-годишниот Н.М. од скопско.

Од здобиените повреди, младиот мотоциклист починал на местото на несреќата.

Увид на местото извршиле екипи од СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)