Бизнис
18. December 2025 - 16:27

Има ли основ за зголемување на минималецот? Во понеделник ќе се бара решение прифатливо за сите

Зголемување на минималната плата,  но придонесите да останат исти. Разликата до покачувањето  да ја субвенционира владата. Ова е предлогот на Бизнис Конфедерацијата, кои сметаат  дека платите треба да растат, но само во општините кои можат да си дозволат.  

Економијата не е секаде еднакво развиена на територија на нашата држава. Центарот на економските активности е концентриран во Скопје и Скопскиот регион, а останатите градови се уште немаат сериозен обем и немаат големи приходи и голем профит.

На пример, ако минималната плата биде 25.000 или 30.000 денари, покачувањето да биде олеснето, а останатите придонеси кои досега се исплаќале на претходниот износ на платата, да останат на исто ниво, изјави Миле Пошков, претседател на Бизнис конфедерација појаснува Бошков.

Во понеделник  на Економско социјалниот совет Синдикатот ќе бара зголемување на минималецот веднаш и тоа најмалку за 6,000 денари. Згоемување треба да има и кај дел од  платите во јавниот  сектор, кои беа изоставени во последната година и пол, велат од КСС.

Има прашања поврзани со додатоците, со платите во јавниот сектор, кои со години останаа на исто ниво, и затоа не смееме да дозволиме некој да биде ставен во подредена положба или да се чувствува изоставен. Во тој правец треба да покажеме дека преку социјалниот дијалог можат да се решат сите горливи прашања во областа на трудот, изјави претседателот на КСС Благоја Ралповски.

Од владата го повторија ставот –ќе се прифати она решение  што ќе го договорат синдикатот и работодавачите.

 Инаку на  конференцијата Достоинствена работа – вистински пат кон праведно општество , беше истакнато дека 100 илјади граѓани работат на црно. Земаат плата во плик,  без  да платат денар кон државата за придонеси.

Затоа од следната година ќе има законски измени за сузбивање на сивата  економија , а ќе се зголемат  и казните за газдите.