Македонија
20. October 2024 - 16:41

Инвестирање во капацитети и стручен кадар

Најавените 35 илјади туристи годишно кои со чартер летови ќе доаѓаат во нашата земја ќе значат продолжување на сезоната во главниот туристички центар, огромна поддршка за локалната самоуправа, но и поголем бенефит за хотелско угостителскиот сектор.

Од февруари следната година по еден авион со туристи од Германија, Франција и од Велика Британија секој ден треба да пристигнуваат надвор од сезоната. Градоначалникот Пецаков вели дека со ова ќе покажеме дека Охрид може да развива туризам 365 дена во годината.

Професорот Наумов од Факултетот за туризам смета дека треба да се  инвестира во туристичките капацитети и соодветен кадар кој ќе може да одговори на потребите на гостите.

Вкупниот број ноќевања според најавите на премиерот Мицкоски што ќе го имаат овие 35 илјади туристи претставува 10 до 15 отсто од вкупниот број ноќевања што сега ги остваруваат странските гости кај нас.