Инвесторите во ТИР зоните имаат потреба од стручен кадар
Бизнис секторот, средните стручни училишта, Министерството за образование и наука и ТИР зоната во Штип, преку социјален дијалог ќе го подобруваат дуалното образование. Штипската ТИР зона е најголема во државата, каде во моментот се сместени 4 големи работодавци и располага со огромен потенцијал за привлекување на нови инвеститори.
- Главното прашање на инвесторите кои доаѓаат во државата, не се како порано поволностите кои што ги добиваат, во смисла на финансиска помош, поддршка при инвестиции, туку дали располагаме со стручен кадар кој би ја поддржал таа инвестиција. Имаат потреба од инжинери, од оператори, но како и да е, нашата цел е да креираме работни места со кои ќе ги задржиме младите луѓе во државата, изјави Един Факиќ, раководител на Сектор за стопанисување со слободни зони.
Во прво време, целта е фабриките во ТИР зоната да ги отворат вратите за средношколците од средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ за практична настава, но и образовните институции да креираат соодветни наставни програми и профили.
- Во изминатиот период имавме сериозни разговори и преговори со ТИР зоната и на овој состанок најголем дел се присутни од компаниите и веќе со дел од нив склучивме неформален договор. Тоа ќе добие практична примено на лето, со феријална пракса, од септември се надеваме да почнеме со диалното образование, за да видиме на кој начин ќе се одвива таа соработка и ќе направиме подготовка за склучување меморандуми, конкретно, за наредната учебна година, изјави Јованка Шалева, директорката на СОУ „Коле Нехтенин“-Штип.
Преку дуалното образование, средношколците од стручните училишта ќе можат на пазарот на трудот ќе додат додадена вредност, полесно да се прилагодат во процесот на производство, да бидат обучени и да имаат поголема продуктивност.
-
Траjан Ристовски
Сите содржини од овој новинар