Loading Video...
Свет
14. April 2024 - 16:34

Иран истрела стотици летала и ракети кон Израел

Иран истрела стотици беспилотни летала и ракети кон Израел, како одмазда за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск. Според портпаролот на израелските одбранбени сили Израел пресретнале околу 99 проценти од 300 проектили што Иран ги истрела синоќа во Израел.

Во нападот е повредно 7-годишно девојче. Тоа е во тешка состојба и е префрлено во болница во Виршева. Засега нема други извештаи за повредени во синоќешниот ирански напад.

Во Израел се воведуваат безбедносни мерки. Децата нема да одат на училиште во целата земја, а компанитите ќе си работат како секој ден, но со пристап до засолништа во случај на напад.

Овие правила ќе останат во сила до понеделник вечерта, кога учениците во Израел ќе го започнат распустот за празникот Пасха. Израел се уште нема донесено одлука дали ќе возврати на ударот, властите се прави проценка на ситуацијата.

Во меѓувреме, населението во Иран на „големо“ си прослави за овој напад.

Земјите ширум светот ги осудија нападите на Иран врз Израел доцна во саботата, предупредувајќи дека нападот се заканува дополнително да го дестабилизира Блискиот Исток.

Лидерите на Г7 закажаа итен состанок за денеска. Вонредно ќе заседава и Советот за безбедност на ОН.

Големите авиокомпании ширум Блискиот Исток најавија откажување на некои од нивните летови, додека други треба да ги пренасочат.

Ова е првпат Иран да изврши директен воен напад врз Израел, и покрај децениското непријателство кое датира од Исламската револуција во земјата во 1979 година.