Иванов и претставници на МПЦ на средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов вчера во Истанбул остварил средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј. Иванов на средбата бил придружуван од неговата сопруга, синот, соработници и амбасадорот на Македонија во Турција.
Според соопштението од Вселенската патријаршија, македонскиот претседател бил топло пречекан од вселенскиот патријарх. Вселенскиот патријарх Вартоломеј и претседателот Иванов се среќаваат речиси секоја година во рамките на меѓународните конференции во Истанбул.
- Разговараа за различни теми и си разменија честитки и подароци за Велигден, соопштуваат од патријаршијата, а на официјалната страница на фејсбук објавија и видео од средбата.
Во централните вести, грчката телевизија Скај, го објави и почетниот дијалог на средбата.
- Задоволни сме, Ваша екселенцијо што ве гледаме речиси секоја година, а понекогаш и два пати годишно. Пред само неколку месеци, неколку седмици работевме заедно, му рече вселенскиот патријарх на македонскиот претседател на почетокот од нивната средба.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, според грчката телевизија Скај, во текот на денешниот ден, патријархот Вартоломеј ќе има средби со претставници на МПЦ со кои ќе разговара за црковното прашање.
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите