Измислена заштитна маска низ која може да се јаде
Истражувачи од Израел успеале да направат заштитна маска за лице низ која може да се јаде, односно не треба да се симнува за време на јадење.
Со помош на далечински управувач, маската се отвора и може да се јаде, дизајнирана е за да се употребува при посета на рестораните.
Функционира така што со стискање на раката се отвора предниот дел, да може јадењето да помине низ маската до устата.
„Маската механички се отвора со помош на далечински управувач, а може да се отвори и автоматски кога ќе се приближи храната до устата“, рече Асаф Гителис, потпретседателот на компанијата „Автипус патент и изуми“ која ја направила маската со седиште во Тел Авив.
„Со користење на маската може да јадете и да пиете и да уживате. Целосно сте заштитени од коронавирусот“, напомена Гителис.
Од компанијата соопштија дека за неколку месеци ќе почнат со производство, и овој производ е патентиран. Цената е од 0,85 до 2,85 долари.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори