Балкан
15. August 2026 - 16:33

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари

Јадранското крајбрежје се соочува со една од досега најтешките кризи со шумски пожари.. Неколкумесечната суша и екстремните температури разгореа катастрофални пожари кои зафатија делови од Хрватска и Црна Гора – во нив едно лице загина, а предизвика и огромни материјални штети.. По стравичниот пожар во Омиш, хрватските пожарникари уште едно деноноќие водат битка со огнот на повеќе локации..  Најдраматично беше на хрватскиот остров, Дуги Оток..

Со пожари се соочува и Црна Гора.. Погодени се Улцињ и регионот на Херцег Нови.. Огнот зафатил далеководи, па прекината била струјата до пумпите кои со вода го снабдуваат Улцињ.. Во гасењето на пожарите вклучени се противпожарните екипи, локалното население, а континуирано се гаси и од воздух..

Во меѓувреме целосно под контрола е состојбата околу грчкото летувалиште Сивири после пожарот од четвртокот поради што огромен број туристи беа евакуирани.. Сега регионот е ставен во портокалова фаза со многу висок ризик за нови пожари.. Воведена е забрана за движење во одредени шуми на Касандра и Ситонија..