Македонија
12. December 2019 - 8:23

Јавна расправа по нацрт-текстот на новиот Предлог-закон за надворешни работи

Во Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи јавна расправа по нацрт-текстот на новиот Предлог-закон за надворешни работи, на која министерот Никола Димитров ќе го претстави Предлог-законот, вклучително и предвидените новини со кои се обезбедува поголема професионализација и модернизација на дипломатската служба во вршењето на надворешните работи.

Како што соопшти МНР, на расправата се поканети претставници од државните институции, Собранието, катедрите по меѓународно право и политички односи на универзитетите, Академијата, релевантни институти, како и поранешни министри за надворешни работи.

Јавната расправа се очекува да придонесе кон поголема транспарентност и вклученост на засегнатите субјекти од областа на надворешната политика, во процесот на донесување на законите, стои во соопштението на Министерството.