Јавна расправа по нацрт-текстот на новиот Предлог-закон за надворешни работи
Во Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи јавна расправа по нацрт-текстот на новиот Предлог-закон за надворешни работи, на која министерот Никола Димитров ќе го претстави Предлог-законот, вклучително и предвидените новини со кои се обезбедува поголема професионализација и модернизација на дипломатската служба во вршењето на надворешните работи.
Како што соопшти МНР, на расправата се поканети претставници од државните институции, Собранието, катедрите по меѓународно право и политички односи на универзитетите, Академијата, релевантни институти, како и поранешни министри за надворешни работи.
Јавната расправа се очекува да придонесе кон поголема транспарентност и вклученост на засегнатите субјекти од областа на надворешната политика, во процесот на донесување на законите, стои во соопштението на Министерството.
Ново на Сител
-
Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш
-
Возило излетало од патот Прилеп - Скопје кај кавадаречко Раец
-
Гаши за Сител: Стана традиција Албанец да е претседател на Собрание
-
На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ
-
Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза
-
Верижен судир кај Долно Косоврасти, повредено лице пренесено во болницата „Свети Еразмо“
-
Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор е правен акт и реалност, ќе го почитувам
-
Мицкоски на средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“