Јавниот линиски превоз во Штип, успешна приказна
Зголемен број на термини, линии до приградските населби и меѓуопштински трансфер на патници до Kарбинските села е исходот од функционирањето на градскиот линиски превоз во Штип. За една година набавени се нови возила, со кои граѓаните полесно и побрзо може да пристигнат до нивните дестинации.
- Можам да кажам дека функционираме одлично за овој период, граѓаните се задоволни. Освен функционалноста во оваа една година се посветивме и на развојот на оваа дејност па воведовме и нови линии, а исто така ја зголемивме меѓуопштинската соработка со општина Карбинци, изјави Панче Стефановски, директор на ЈП „Стипион“-Штип
Стефановски најави дека се планира уште најмалку два нови автобуси да се набават во наредната 2025 година, со што ќе има дополнителни линии и термини. Позитивни се и финансиски показатели.
- За една година посотење имаме одлични финансисики показатели, со тенденција да се зголемуваат приходите од месец во месец. Годината ќе ја завршиме со солидна финансиска добивка која планираме да ја инвестираме во нови возила и во подобрување на квалитетот на услугата кон граѓаните, додаде Стефановски.
Градскиот линиски превоз во Штип започна да функционира на 1 септември 2023 година, кога се набавија првите шест автобуси. Денеска има осум автобуси и едно комбе достапни за потребите на граѓаните.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар