Македонија
25. December 2024 - 16:44

Филипче повика на натпартиска стратегија

Шест месеци по изборите опозицискиот лидер повикува на заедничка натпартиска државна стратегија која како што вели ќе го гарантира развојот на државата на долг рок. Планот е сите партии да договорат заеднички правец во кој ќе се движи државата и политики кои нема да се менуваат со секоја промена на власта.

Филипче ги обвини ДУИ дека креираат меѓуетнички тензии и ја осуди нивната стратегија. Коалицијата со интегративците ја прогласи за завршена. 6 месеци по формирањето на Владата, Филипче констатираше дека паднал животниот стандард. Обвини дека институциите забрзано се партизираат а најавените чистки во правосудството оцени дека не водат кон режим. Даде поддршка во борбата против криминалот и корупцијата но повика на непристрасни постапки и пресупмција на невиност.

Во периодот кој следи Филипче најави засилени партиски активности. Рече дека по Нова Година и тој и раководството излегуваат на терен на партиски настани и средби со граѓани каде ќе ги градат новите политики.