Македонија
25. December 2024 - 16:44

Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра

Злоупотребите направени во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра, тврди премиерот, но не открива повеќе детали. Вели дека не сака да изјавува ништо додека трае истрагата.
Христијан Мицкоски, премиер тонско: Многу повеќе се од 8 милиони евра. Новинар: Дали се користеле во криптовалути? Мицкоски: Не сакам да зборувам ништо што е поврзано со истрагата. 
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се договориле Груби да избега, обвини денеска опозицискиот лидер. Вакви сомневања имал поради, како што кажа контроверзните соопштенија на власта.

Венко Филипче, лидер на СДСМ „Прво беше соопштено дека заминал со дипломатско возило, па потоа дека ја поминал границата пеш и потоа дека не работеле камерите кои, рече, „знаеме дека не работат на батерии“. Сето тоа граѓаните го слушаат и секој здраворазумен ќе се посомнева дека има некаква позадина во сето тоа“. Од ВМРО-ДПМНЕ пак го прашаа Филипче зошто го брани Груби. 

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ „Зошто СДС го брани Груби? Зошто смислува разни приказни? Едноставно е. Груби беше алатка која ги држеше да не паднат уште пред 2 години. Откако првин дозволија да направи криминал, потоа и му се придружија. Врвот на СДС беше соизвршител на Груби. Бегството на Груби му одговара само на СДС, зошто така ќе излезат на површина сите криминали кои ги правеле.“

И додека партиите се зафатени со меѓусебни препукувања, по Груби се трага по потерница. Повеќе медиуми повикувајќи се на полициски извори,пренесоа дека бизнисменот Папранику во полиција изјавил дека Груби со дипломатско возило го однел до Тирана, се напиле кафе, и го оставил поранешниот вицепремиер во хотел, близу стадионот. Неофицијално, Груби се криел во Хамалај, крај Јадранското море, близу Драч.
Првиот човек на македонската полиција е дециден дека не сака да шпекулира во однос на овие информации, а ниту една држава од соседството не доставила потврда околу можниот престој на поранешниот вицепремиер. 

Груби е недостапен за органите на прогонот 11-ти ден по ред. Се сомничи за криминал над 8 милиони евра во Лотарија. Во моментот кога ќе стапне во Македонија, неговата прва станица ќе биде затворот Шутка, откако беше одбиено барањето на неговиот адвокат за укинување на мерката притвор.