ЈП „Комунална хигиена“ не им ги продолжи договорите на 33 вработени кои земале плата, а не оделе на работа
На 33 лица кои биле вработени, преку АПВ, во ЈП Комунална хигиена-Скопје кои месеци и години земале плата а не оделе на работа, денес им завршија договорите и истите не се продолжени.
Во ЈП Комунална хигиена-Скопје мора да се стави крај на расипничкото трошење на парите на граѓаните и посветено да се работи на подобрување на услугите и исполнување на нашите обврски кон граѓаните.
Истовремено кон вработената во ЈП Комунална хигиена-Скопје која денес предизвика инцидент веќе е отпочната дисциплинска постапка. Работниот процес мора да се одвива професионално и со почит кон секој. Претпријатието е отворено и транспарентно за сите граѓани и медиуми и во иднина нема да се дозволи недолично или несоодветно однесување во Претпријатието, а сѐ во насока на имплементација на реформи за подобри работни процеси во интерес на граѓаните.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци