Како влијаат објавите на Фејсбук на вашето расположение?
Вербалните и текстуални клучеви имаат големо влијание на нашите емоции, дури и доколку не го слушаме гласот на личноста или не го гледаме говорот на телото.
Ако се чуствувате нерасположено на Фејсбук, тоа може да е поврзано со она кое го постираат вашите пријатели.
Истражувачите експериметирале со прикажувањето на вашите објави за да дознааат повеќе за тоа како човечките емоции функционираат кога се физички раздвоени.
Со извртување на алгоритмот на прикажаните објави во времепловот и студијата на објавите околу 700.000 корисници на Фејсбук, научниците и истражувачите за податоци откриле дека емоционалната состојба може да биде пренесена помеѓу луѓето без интеракција лице в лице.
Во студијата, објавена во „Proceeding of the National Academy of Sciences“, истражувачите анализирале преку 3 милиони постови кои содржат преку 122 милиони зборови и искористила алгоритам за да го одреди карактерот на текстовите како позитивен или негативен. Тимот за податоци на Фејсбук потоа ги прилагодил количините на позитивни и негативни текстови на кои биле изложени корисниците, за да види како тие реагираат.
Истражувачите дошле до заклучок дека кога корисниците биле изложени на помалку позитивни постови и тие самите продуцирале помалку позитивни и повеќе негативни постови. Обратното било вистинито кога тие биле изложени на помалку негативни објави. Со други зборови, вербалните и текстуални клучеви имаат големо влијание на нашите емоции, дури и доколку не го слушаме гласот на личноста или не го гледаме говорот на телото.
„Овие резултати сугерираат дека емоциите изразени од пријателите преку социјалните мрежи влијаат врз нашите лични расположенија“, рекол тимот кој работел на студијата.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци