„Катимерини“: Резултатите од изборите ќе ги забрзаат преговорите меѓу Атина и Скопје
Периодот од ноември до февруари ќе биде клучен за активирање на преговарачкиот процес за спорот со името меѓу Македонија и Грција, како и за постигнување прогрес по тоа прашање, пишува денеска грчкиот весник „Катимерини“.
Медијаторот Метју Нимиц, според весникот, ќе биде мошне активен во овој период, имајќи ги предвид резултатите од изборите во Македонија.
„Катимерини“ во својот коментар наведува дека резулатите од првиот круг од локалните избори во Македонија, на кои убедлива победа понесе коалицијата предводена од СДСМ на актуелниот премиер Зоран Заев, а голем пораз претрпе опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски ќе бидат фактор за забрзување и напредок во преговарачкиот процес меѓу Атина и Скопје за решавање на спорот со името.
- Настапот на Заев, кој од Западот се смета за умерен политичар, кој има капацитет да ја води земјата на патот кон европските и евроатлантските интеграции, ги изненади и најпрецизните аналитичари, кои предвидуваа одреден баланс на силите меѓу двете партии, нагласува „Катимерини“.
Политичките аналитичари оценуваат дека резултатите од првиот круг од изборите, на кои СДСМ освои 37 општини, а ВМРО три, ќе доведе до тоа меѓународните фактори да го забрзаат процесот за решавање на името.
Атина, додава весникот, го следи развојот на настаните во земјава и очекува дека реториката, која ја користат Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, ќе соодветствува со практичните чекори што ќе ги преземаат за постигнување компромис за името.
Ново на Сител
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок
-
Структурни реформи веднаш, за поголем економски раст
-
Македонците најмногу трошат на „Букинг“, а најмногу купуваат на „АлиЕкспрес“