Киев е подготвен за разговори со Москва, под услов Русија да го направи првиот чекор
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека неговата земја е подготвена за конструктивни преговори со Русија, под услов Москва да го направи првиот чекор.
– Украина е подготвена за конструктивни преговори, но никој нема да врши притисок врз нас, никој нема да не принуди на ништо, бидејќи Украина веќе направи доволно за мир. Русија сега треба да направи чекор, рече тој.
Кулеба додаде дека Русија е таа што „сега мора да направи отстапки“, јави денеска ТАСС.
Кулеба додаде дека Русија е таа што „сега мора да направи отстапки“.
– Нашата цел – и ние тоа искрено им го кажуваме на нашите партнери – е да ја принудиме Русија да направи отстапки, дојде време таа да направи отстапки и да го покаже својот вистински интерес за постигнување мир, рече тој.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно во неколку наврати изјави дека Русија не е страна во конфликтот во источна Украина.
Ново на Сител
-
Американските „тиктокери“ губат потенцијални милиони долари со забраната
-
На автопатот Демир Капија - Неготино пронајдени шест мигранти
-
Ново рочиште за судењето за убиството на Вања и Панче
-
Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109.000 долари во очекување на инаугурацијата на Трамп
-
ЦУК: Турски туристи спасени кај Кањонот Матка
-
ЕП ќе расправа на прва пленарна седница за 2025 година
-
Мицкоски ќе присуствува на инагурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон
-
Почнува второто полугодие од учебната 2024/2025