Кина од септември тргнува во потрага по вонземјани
Кина наскоро ќе почне со потрагата по живот надвор од Земјата и, за таа цел, штотуку ја заврши изградбата на огромниот телескоп ФАСТ („Петстотиниметарски апертурен сферичен телескоп“). Неговата изградба почна во 2011 година, а официјално беше претставен во јануари годинава.
Изградбата на телескопот чинеше 180 милиони долари.
Главниот и одговорен лидер на проектот, проф. Жанг Тонџи истакнува дека потрагата нема да ги прекинува редовните научни мисии. И, иако има некои „интересни кандидати за вонземски сигнал“, професорот смета дека не сите примени сигнали ќе доаѓаат од живо интелигентно суштество.
ФАСТ има дијаметар од 500 метри. Сместен е во областа Пингтанг, во провинцијата Гуижоу, јужна Кина, и треба да почне со барање вонземски сигнали во септември оваа година. Речиси 8.000 луѓе во круг од пет километри околу телескопот беа евакуирани (односно преселени), со цел непречено примање на сигналите.
ФАСТ го собори рекордот на телескопот Аресибо во Порто Рико, чија „чинија“ има дијаметар од близу 300 метри.
Ново на Сител
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје