-->
-->
Кофинансираните специјализанти ќе добијат зголемување на платите како и другите здравствени работници
-->
По протестот во понеделникот, 130 лекари кои се на специјализација со кофинансирање ќе добијат остварување на нивните барања.
Министерот за здравство најави дека по вчерашната средба со дел од нив, одлучиле да им бидат променети договорите за работа од определено на неопределено со што и тие ќе добијат 15 проценти зголемување на платите од февруари 2020, како што ќе имаст и другите нивни колеги.
Но како што велат надлежните од министерството за здравство, освен овие 15 тие ќе ги добијат и процентуалните зголемувања од годинава и од 2018.
Филипче вели дека веќе ја подготвиле драфт верзијата за измени во законот за здравствена заштита.
Плата од февруари ќе добијат и приватните специјализанти запишани на конкурсот во септември годинава. Министерот за здравство на денешната презентација на буџетот за 2020 изјави дека тој е најголем досега и изнесува 7,1 милијарда денари.
Повеќе пари ќе има за реновирање на здравствено установи, лекови за пациенти со ретки болести и за инсулини.
Сања Димитровска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата