Кога имаш премногу пари...
Сенегалскиот фудбалер, Садио Мане ретко зборува за својот живот надвор од теренот, се знае дека израснал во сиромашно семејство, дека татко му му забранувал да игра фудбал.
Стигна до големата сцена, стана ѕвезда, но тоа не го промени.
„Немав што да јадам, работев на поле, не можев да одам на училиште, беа тоа тешки времиња“ – вели Мане.
Тој на парите гледа како на можност да им помогне на оние кои немаат ниту за живот.
„Поради што би ми требале 10 ферарија, 20 дијамантски часовници и два авиона. Како со тоа би му помогнал на светот. Тоа што заработив е можност да им помогнам на луѓето. Наместо да трошам пари на работи кои не ми се потребни, градам училишта, купувам храна и облека за сиромашните, за оние кои немаа среќа како јас“ додава фудбалерот на Ливерпул.
Голгетерот во област во Сенегал на секое семејство му дава по 70 евра месечно, за да можат да преживеат.
Ново на Сител
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево