Кој потешко ја поднесува разделбата, мажите или жените?
Сите разделби се тешки, но на некого тие му паѓаат многу потешко.
Ова пред се се мисли на жените, што е потврдено со неодамна спроведеното истражување на Бингамтон универзитетот во кое учествувале 5.705 доброволци од свата пола од дури 96 земји, со просек на возраст 27 години.
Скоро 75 проценти од испитаниците доживеале барем еден љубовен бродолом. По правило, разделбата потешко се поднесува психички отколку физички, а на жените дефинитивно им е полошо отколку на мажите.
Тие пријавиле дека чувствувале многу посилна душевна болка, а од емоции како најчесто појавувани биле лутина, анксиозност, страв и депресија, додека мажите се пожалиле дека по раскинувањето се чувствувале непособни и како да го загубиле фокусот.
Сепак интересен е податокот дека најчесто жените се тие ја прекинуваат љубовната врска. Недостаток на комуникација и неверство се најчестите причини за раскинувањето.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР