Косовските Срби најавија мирни протести поради воведените такси од Приштина
Косовските Срби денеска на пладне ќе организираат мирни едночасовни протести по повод одлуката на Приштина да воведе такси од 100 отсто на производите од Србија.
Протестите ќе се одржат во Косовска Митровица, Грачаница и Штрпце, а на нив ќе биде побарано од меѓународната заедница да ги принуди косовските власти да ја повлечат одлуката.
Претставници на косовските Срби ги известија властите во Белград за планираните собири, нагласувајќи дека не можат немо да ги следат најновите мерки на Приштина.
– Нема да дозволиме децата да немаат основни намирници, изјави градоначалникот на Косовска Митровица Горан Ракиќ, додавајќи дека ситуацијата јужно од Ибар е уште полоша.
Тој истакна дека можно е да има и блокада на патишатата, а протестите ќе се одржат во Здравствениот центар и во Студентскиот центар во Косовска Митровица.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа