Костадинов: Мицкоски, по стапките на Груевски ги дели и понижува граѓаните
Антизападниот Христијан Мицкоски продолжува по стапките на неговиот ментор, осудениот криминалец Никола Груевски, не отстапува од делбите и омразата.
Груевски ги делеше граѓаните на патриоти и предавници, а неговиот пион Мицкоски ги дели граѓаните на лојални и нелојални.
Неговата дрскост и ароганција отидоа до таму што на најголемиот, најрадосниот христијански верски празник- Божиќ, Мицкоски се дрзна да ги дели и понижува граѓаните.
На Мицкоски му се врти во главата желба да се поставува во улога на судија и да утврдува кој е, а кој не е лојален граѓанин на Македонија.
На граѓаните им се доста 11 години партиски суд. Македонија расчисти со поделбите и одбра да се гради како едно општество на еднакви граѓани.
Граѓаните на пролет уште еднаш ќе го поразат концептот на поделби и омраза што го следи Мицкоски.
Граѓаните ќе изберат претседател кој ќе работи во интерес на државата и рамо до рамо ќе застане со прогресивните демократски сили што ја водат Македонија во ЕУ и НАТО.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор