Македонија
28. September 2022 - 10:43

Ковачки: Ајде дезертеру Ковачевски кажи, дали да избегнеш војска го злоупотреби чичко ти Александар Ковачевски?

Ајде дезертеру Ковачевски, охрабри се и кажи, дали си трајно неспособен или си лажел пред АРМ за да избегнеш служење на војска.

Што е толку тешко?

Нема трето. Или си трајно неспособен или си лажел. И едното и другото се подеднакво лоши, бидејќи таков човек не смее да ја води државата.

Тогаш кога дезертерот Ковачевски ќе одлучи да одговори, нека одговори и дали за впишување на неговата состојба како трајно неспособен помогнал и негов близок роднина Александар Ковачевски кој во тоа време бил началник во Министерството за одбрана и одговорен за Куманово?

Дали дезертерот Ковачевски ја злоупотребил моќта на својот близок роднина и избегал од служење војска и од регрутација во 2001 година?

Дали додека стотици мажи од Куманово одеа на регрутација и се одважија да ја бранат Македонија, дезертерот Ковачевски се сокрил зад функцијата на својот близок роднина и се пишал како трајно неспособен?

Единствен начин да дознаеме доколку дезертерот Ковачевски одбива да признае, е судот веднаш да почне постапка за одземање на деловната способност.

Народот мора да знае каков човек ја води Македонија, дали трајно неспособен или лажоман, но и во првиот и во вториот случај потребна е оставка.

Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ