Кривична пријава против скопјанец за фалсификување исправа
Кривична пријава против Г.Н.(33) од Скопје, поднесе Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик.
Пријавениот, како што денеска информираа од МВР, во текот на 2022 година извршил преправка на сообраќајната дозвола на своето патничко возило во рубриката „важи до“, при што биле преправени вистинските податоци и биле впишани невистинити податоци, односно била преправена годината на регистрација, па наместо до 2021 година било впишано до 2022 година.
– Така преправената сообраќајна дозвола ја употребил при изготвување и потпишување на купопродажен договор за оттуѓување на возилото, доведувајќи го во заблуда купувачот на возилото дека важноста на регистрацијата е до 2022 година, соопштија од МВР.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток