Кривична пријава за полициски службеник од Скопје за примање поткуп
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против полицискиот службеник С.С. од Скопје, вработен во полициска станица при СВР Скопје, поради основано сомение дека сторил кривично дело „примање поткуп“.
Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, на 26 јули годинава при контрола на патничко возило на автопатот Скопје-Миладиновци побарал и зел 2.000 денари за да не изготви записник и прекршочен платен налог за сторен и констатиран сообраќаен прекршок.
-Оштетеното лице потоа го пријавило случајот во полициска станица, а по преземени мерки било утврдено дека пријавениот го сторил делото и му е поднесена кривична пријава, се вели во соопштението од МВР.
Од Одделот за внатрешна контрола поднесена е иницијатива за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност и предлог за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба