Кривични за лица од Миравци поради разбојништво
Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против П.Ј (41), П.М (34) и З.Ј (35), тројцата од село Миравци, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво” над двајца државјани на Мароко.
Според МВР, разбојништвото е извршено на 7-ми овој месец, околу 22 часот, кај местото викано „Вирот“, во атарот на Миравци, близу железничката пруга. Пријавените им се претставиле на Мароканците како полицајци по што физички ги нападнале со дрвени палки, заканувајќи им се со пиштол. Му нанеле телесна повреда над едно од лицата во пределот на ногата, ги легнале на земја и им одзеле околу 600 евра, два мобилни телефона и патничка торба во која имале лични работи, ги оставиле зад себе и се оддалечиле во непознат правец.
По пријавување на настанот, се преземени мерки за идентификација, пронаоѓање и фаќање на сторителите. Пријавените се идентификувани, лишени од слобода и доведени во Полициската станица Гевгелија каде што со нив се обавени службени разговори.
Ново на Сител
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање