Курти: Избори ќе има во јули во Македонија, треба да се организираат и во Косово
Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти денеска повторно се заложи за вонредни парламентрни избори во неговата земја, наведувајќи неколку држави во кои тие ќе се одржат во наредните месеци, меѓу кои и Северна Македонија која, според него, ја чекаат избори во месец јули, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во објава на Фејсбук по повод два месеци од изгласувањето недоверба на неговиот кабинет во Собранието на Косово, Курти повторно се спротивстави на формирање нова влада од постоечкиот парламентарен состав, нагласувајќи дека единствено решение во оваа ситуација се парламентарните избори.
Во очекување на одлуката на Уставниот суд, која треба да биде донесена до 29 овој месец, за уставноста на доделувањето на мандатот за формирање нова влада од страна на претседателот на државата Хашим Тачи на второрангираната партија на последните избори, Демократскиот сојуз на Косово, Курти порача дека „по здравјето на населението и на стопанството, во прашање е и здравјето на демократијата“.
– Денеска се навршија два месеци од изгласувањето недоверба. На 25 март на здравствената се надодаде и политичка криза. Меѓутоа ние се изборуваме. Вчера беше првиот ден, од 13 март, без заразени од коронавирусот. Институционален грч? Не е вистина. Несогласувања има, но има и решение. Согласно нашиот Устав, потребни се нови избори. Тие веќе се одржуваат низ Европа. (…) Избори ќе има во јуни во Исланд, Франција и Србија, додека во јули во Северна Македонија, Шпанија и Хрватска. Треба да имаме (парламентарни) избори и ние во Косово, а и локални во Подујево. Дури, може и во исто време, напиша Курти.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто