Лавата на Канарските Острови стигна до морето
– Лавата која избива од вулканот на канарскиот остров Ла Палма доцна синоќа стигна до морето, создавајќи потенцијално штетни гасови, поради кои жителите на околните градови се затвориле во своите домови.
Десет дена по ерупцијата на вулканот, лавата синоќа полека почна да влегува во морето на брегот на Тазакорте. Камерите на локалната телевизија, поставени на брод на море, прикажаа како камења и оган влегуваат во водата, но поради мракот, не можело да се види пареа формирана со мешање на врела лава и студено море.
Службата за вонредни ситуации на Канарските Острови ги повика жителите да се засолнат на безбедни места доколку се наоѓаат во таа област, во радиус од 3,5 километри. Вулканолозите велат дека гасовите можат да бидат штетни на два километра од местото каде што лавата влегува во морето.
Вулканот се активира на 19 септември и нема човечки жртви.
Ла Палма е еден од осумте Канарски Острови, шпанска територија покрај северозападна Африка.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба